Почна вакцинацијата против Ковид-19

Вакцинацијата против Ковид-19 во државава почна во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со вакцинација на „Фајзер“ вакцинирани се докторка и главна медицинска сестра од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби, а следи и вакцинација на останатите од таа јавна здравствена установа.
Венко Филипче за почетокот на вакцинацијата

Венко Филипче за почетокот на вакцинацијата

Posted by MИА.mk on Wednesday, February 17, 2021

– Ја првимив вакцината, се чувствувам добро. Ја препорачувам на сите да ја примат, изјави една од вакцинираните.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска и официјално почна процесот на имунизација против Ковид-19 во земјата.

– Ова се докторка и сестра, дел од персоналот на Клиниката кои изминатата година се бореа за секој човечки живот, денонокно работеа, докторката Ина и главната сестра Габриела се првите кои ја примија вакцината на „Фајзер“. Денеска продолжува вакцинацијата на сите вработени на Инфективната клиника. Следат вработените во сите ковид – центри најпрво тука во Скопје, во ГОБ „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Интерните клиники…За време на викендот бониците ширум државата и приватните болници, рече Филипче.

Посочи дека во вчерашниот разговоро со претставници на „Фајзер“ му било најавено дека следната количина од 4000 дози ќе стигне следната недела, што значи дека сите пријавени за првиот бран на вакцинацијата, тоа се 4000 здравствени работници кои работат со ковид пациенти ќе бидат вакцинирани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...