Пендаровски: Не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти

Претседателот на државата Стево Пендаровски не се согласува етничката припадност да биде во личните карти. Тоа, вели, го нема во ниту една демократија во светот.



-Ако владејачката коалиција се договори, ако има мнозинство и ако законот биде донесен во регуларна постапка, јас немам многу големи аргументи контра таквиот став за да не потпишам указ. Но, лично не се согласувам етничката припадност да биде во личните карти. Не постои демократска држава во светот во која постои етничка или религиозна припадност. Мене не ми пречи, не мислам дека тој закон ако биде донесен со таква одредба ќе ја растури државата, ниту дека ќе има негативни последици. Лично не се согласувам, но ако го изгласаат во таков облик, јас ќе го потпишам указот иако не се согласувам тој детаљ да стои во личните карти, вели Пендаровски во интервју за порталот мкд.мк.

Во однос на вакцините, претседателот смета дека иако верувавме во Ковакс механизмот, можевме да бараме и друго чаре.

-Не може да се фокусираме на Ковакс механизмот и ништо друго да не нѐ интересира и да останеме последни во регионот без да почне вакцинација, истакнува Пендаровски, и додава дека ќе се вакцинира веројатно веднаш по првите категории, медицинскиот персонал.

Сакам, вели, да се вакцинирам и јавно за да може да ги одбиеме сомнежите што некои луѓе ги имаат, антиваксерите, кои не веруваат. Инаку не мислам дека политичарите треба да бидат привилегирани, напоменува претседателот.

Тој оценува дека владеењето на правото во земјава не е на нивото на зрелите европски демократии, а тоа го кажува и Европската комисија во секој годишен извештај.

-Ако зборуваме за функционирање на институциите, на правосудството, на големите системи во државата, ние имаме неспорни проблеми. Но, ситуацијата сега, вклучително и во најголемиот проблем – правосудството, е далеку подобра од онаа од пред 5 или 10 години, нагласува претседателот.

За македонско-бугарскиот спор, неговиот став е дека додека не поминат изборите во Бугарија, најдобро е да се работи на т.н. странични прашања.

-Додека не добиеме нова бугарска влада, бидејќи влегуваат во избори, сега е најдобро да се работи на таканаречените странични прашања, кои можат некако да ја вратат довербата изгубена лани и да ја поправат нарушената атмосфера од познатите причини и да се направи пак амбиент во кој ќе можеме по нивните избори и новата влада да разговараме и да се одблокира нашиот пат кон ЕУ, вели претседателот Стево Пендаровски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...