Пристигна втората пратка вакцини од Србија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој му ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Филипче ја пречека втората пратка вакцини од Србија

Posted by MИА.mk on Wednesday, February 24, 2021

Лончар истакна дека денеска го исполнуваат она што го ветиле и го договориле претседателот Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев.

-Денеска донесовме 3 510 дози на вакцини за граѓаните на С Македонија што заедно со првата пратка изнесува вкупно 8.190 дози. Исклучително ми е драго што сме во можност да им помогнеме на нашите соседи и пријатели. Од министерот разбрав дека вакцинацијата е почната, дека ќе продолжите понатаму. Она што посакуваме е и вие да биедете безбедни, вашите граѓани што помааку се разболуваат и кога вие ќе имате подобра ситуација, ќе имаме и сите ние и регионот. Тоа е нашата цел, ќе гледаме и понматаму да помагаме. Ова е поздрав од сите граѓани на Србија од претседателот Вучиќ. Продолжуваме понатаму, рече Лончар.

Филипче изјави дека овој чин на солидарност кој беше на иницијатива на Заев и Вучиќ сега се реализира и во втората фаза како што беше најавено. Со добиените вакцини е започнат кај нас процесот на имунизација на здравствените работници и тој, како што посочи Филипче, засега се одвива одлично, во еден пункт со шест места во Клиничкиот центар во Скопје. Досега се вакцинирани околу 1300 здравствени работници со динамика од 250 – 300 на ден, која ќе продолжи и понатаму.

-Оваа количина вакцини ќе биде доволна да се вакцинираат сите здравствени работници во нашата земја кои се во приоритетната група за имунизација, а тоа се здравствените работници кои од почетокот на кризата работат со пациенти заболени од Ковид, рече Филипче заблагодарувајќи се уште еднаш за овој чин на пријателство и добрососедство.

На новинарско прашање српскиот министер за здравство изјави дека досега во Србија се набавени преку два милиони дози вакцини, и тоа од четири производители – Фајзер, Астра Зенека, Синофарм и Спутник. Досега се вакцинирани повеќе од милион лица, а дел се и ревакцинирани со втората доза.

-Наша цел е да вакцинираме преку 2,5 милиони луѓе и она што сакам да го порачам од нашите искуства е дека кога ќе се прими првата доза вакцина нема опуштање. Некои вакцини побзо создаваат антитела, некои поспоро, но мора да се води сметка и да се почитуваат мерките за заштита. Имаме еден број луѓе кои се заразуваат по првата доза бидејќи немаат доволно развиено антитела, рече Лончар.

Во однос на сумата потрошена за набавка на вакцините, истакна дека договорите се доверливи на барање на компаниите, но рече дека сигурно не се ефтини, и оти не станува збор за пари во моментов туку за тоа дека вакцини на пазарот нема.

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ. Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...