Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Скопје ЗОО

Од овој викенд, службите на Инспекторатот на град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во Скопје Зоо. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките.



Под мотото „Подарете љубов, а не храна“ ја започнуваме кампањата за заштита и благосостојба на животните во Зоолошка градина Скопје. Низ годините многу несовесни посетители фрлаат храна која е несоодветна и штетна за нив и покрај таблите со кодекс на однесување кои се поставени на влезот и низ градината, каде јасно е истакнато се она што е забрането.

За потсетување, во Скопје Зоо, строго забрането е хранење и допирање на животните, било какво вознемирување на животните и фрлање предмети и отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата, прекачување преку огради и влез во забранети зони. Нашите животни имаат свои таблички за исхрана и секоја храна надвор од тоа е штетна за нив. На пример, имаме животни дијабетичари кои не смеат да јадат банана, портокал и јаболко, или пак голем дел животни за кои зелката е најштетна.

Доколку посетителите сакаат интеракција и хранење на животни, за тоа постои делот Бејби Зоо, каде под надзор на вработени секој посетител добива пакетче храна за животните и може да ги погали и одблизу да се запознае со процесот на чување на миленик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
1509.- Умре англискиот крал Хенри Седми, основач...
1699.- Умре францускиот писател Жан Батист...