Една третина од потрошувачите во земјава користат паметни телефони за плаќање

Над една третина од потрошувачите во земјава ги користат паметните телефони за плаќање и извршување трансакции, а 61 процент се заинтересирани да ја користат оваа опција за плаќање во иднина, покажува регионалното истражување спроведено од „Visa“.



Резултатите од истражувањето укажуваат дека една четвртина од испитаниците започнале да ги користат паметните телефони за плаќање за време на пандемијата.

Од вкупниот број анкетирани, 84 проценти навеле дека нивното лично искуство со различни начини на плаќање е клучен двигател за нивниот избор на начин на плаќање. Како придобивки од плаќањето преку мобилен телефон ги навеле практичноста (56 проценти), без ризик за губење на паричникот (47 проценти) и брзината (41 процент).

Половина од испитаниците веруваат дека користењето паметен телефон како начин на плаќање е безбедно, а скоро третина од потрошувачите изјавиле дека недостатокот на прифаќање на технологијата е неповолна положба, што укажува на ограничен број места каде што се можни такви плаќања.

На прашањето да ги наведат сите добра и услуги за кои испитаниците се подготвени да платат со своите паметни телефони, на врвот на списокот се месечните сметки по што следуваат услугите за паркирање. На трето место се плаќањата во продавници, кафулиња и ресторани, потоа билетите за театар, кино и јавен превоз. Следни се нарачката на храна и туристичките аранжмани за патувања и мебелот. Една третина од испитаниците во истражувањето би користеле мобилно плаќање при купување на автомобил.

Генералниот менаџер на Visa за Југоисточна Европа, Владимир Ѓорѓевиќ, верува дека мобилните плаќања наскоро ќе станат дел од секојдневието во Југоисточна Европа.

– За прифаќање на новите технолошки решенија е потребно време, но мобилните плаќања треба да се гледаат како нова форма што ќе овозможува технолошкиот развој слично како и безконтактните картички на почетокот кога беа воведени. Со оглед на запознаеноста и употребата на безконтактна технологија во сите земји од регионот, сметаме дека прифаќањето на мобилни плаќања може да дојде со уште поголема брзина, вели Ѓорѓевиќ.

Во регионот во однос на ова плаќање, добри резултати бележат Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина каде околу една четвртина од корисниците преферираат да плаќат со своите паметни телефони. Во Албанија, само 10 проценти ја користат оваа опција за плаќање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...