,,Пакомак“ со совети за полесно рециклирање на стаклен отпад

Пролетта е период на промени, нови почетоци и очекувања, но и на подготвување за топлото лето кое е пред нас. Тоа значи и ослободување од непотребниот стаклен отпад насобран во текот на зимата. Иако понекогаш пролетното чистење може да изгледа како напорен и сложен процес на одбирање што треба, а што не треба да се исфрли – но со малку подобра организација, тоа може да ви прерасне во една од омилените домашни активности.



Компанијата „Пакомак“ советува како полесно да го организирате процесот на чистење од непотребниот стаклен отпад.

– Што е отпад, а што не – За почеток, потсетете се „Трите Р“: Редуцирај, Реупотреби, Рециклирај. Ако во изминатите месеци успеавте да редуцирате дел од отпадот, тогаш направете поделба кој дел од останатиот отпад може да се реупотреби, а кој мора да се рециклира. Весниците и старата хартија можете да ги употребите за компост, оштетените парчиња облека искористете ги како крпи за чистење валкани површини, а употребливата облека донирајте ја некаде каде што е повеќе потребна. Не чувајте непотребно стари тегли или шишиња кои никогаш нема да ги употребите! Со паметно разделување на различните типови отпад, многу побрзо ќе знаете точно што имате во домот, што треба да се исфрли, а што може да се задржи и реупотреби, информираат од компанијата.

Различните видови амбалажни материјали можат да се рециклираат, но само ако завршат на вистинското место.

– Секој отпад не припаѓа на истото место – ова е правило кое мора да го научите ако сакате да бидете одговорен и совесен член на општеството. Различните видови амбалажни материјали можат да се рециклираат, но само ако завршат на вистинското место. За полесно ориентирање, постојат три стандардни бои на контејнери!. Големите жолти контејнери се наменети за одложување на пластика, лименки и конзерви, додека помалите сини контејнери служат за одложување хартија. Има и посебен, трет вид на зелени игло-контејнери во кои се одложуваат стаклени шишиња и тегли. И кои благодарение на ГИЗ (Германското друштво за интернационална соработка), Пакомак и ЗЕЛС се поставуваат во нашата земја како дел од регионалниот проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, наведуваат од „Пакомак“.

Од компанијата посочуваат дека селектирањето и одложувањето на отпадот во соодветниот отпаден сад, ќе направи и вие да се чувствувате подобро со себеси како одговорна личност. Создадете здрави навики и оставете позитивен пример.

– Уште отсега почнете да го планирате го следното пролетно чистење и олеснете си ја работата. Оставете празен простор во неколку соби од домот и таму поставете корпи, канти или картонски кутии во кои привремено ќе го одложувате отпадот кој може да се рециклира. На пример, потребна ви е една голема пластична корпа за стаклени шишиња, една картонска кутија за одложување хартија и една стандардна канта за да ги фрлате пластичните амбалажи во неа. Ако успеете да го практикувате ова подолг период, ќе создадете здрава навика која ќе ви биде од корист во иднина, а можеби и ќе ги мотивирате другите членови на вашето домаќинство да ви се приклучат. Треба да знаеме дека од сите типови амбалажен отпад, стаклото се разградува најбавно – така на пример на едно стаклено шише му се потребни милион години за да се разложи и да стане дел од почвата. Тоа значи дека еднаш оставеното стаклено шише секогаш ќе го најдете на истото место каде што сте го фрлиле, доколку тоа не сте го направиле на соодветното место. Исто така треба да знаеме и дека стаклото фрлено во природата со прекршување на сончевите зраци може да предизвика и пожар. Истото важи и за стаклото фрлено заедно со комуналниот отпад, завршува на депонија и повторно може да предизвика пожар.

Од „Пакомак“ истакнуваат дека грижата за животната средина е грижа на секој еден од нас, бидејќи свесно или несвесно, секоја наша постапка – без разлика дали е во домот или надвор од него – има некаков ефект на околината.

– Затоа, прифатете ја вашата одговорност, селектирајте го отпадот и одложувајте го на вистинското место. Бидејќи се работи за сите нас!,



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...