Почина поранешниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски

По кратко боледување, денеска во Скопје, на 60-годишна возраст, почина Марко Зврлевски, поранешен Јавен обвинител на Република Македонија.



Зврлевски беше роден на 04.12.1960 година во Дебар. Основно и средно образование заврши во Скопје, а дипломираше на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Работното искуство го започна во Македонската академија на науките и уметностите (1988-1989), по што кратко време работеше како новинар во Македонската радио телевизија. Од приправник по правна струка во тогашното Општинско јавно обвинителство во Скопје (1989-1991), преку стручен соработник (1991-1998), адвокат од областа на казненото право (1998-2000), заменик-јавен обвинител во Основното јавно обвинителство – Скопје; (2000-2005), Зврлевски речиси целата своја кариера ѝ ја посвети на јавнообвинителската работа. Во декември 2005 година беше распореден во Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција, а по трансформирањето на одделението, беше избран за јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Од ноември 2009 до јануари 2013 година како Основен јавен обвинител раководеше со Основното јавно обвинителство – Скопје. Во јануари 2013 година беше именуван за Јавен обвинител на Република Македонија која функција ја извршуваше до август 2017 година.

Од 2009 до септември 2015 година беше претседател на Здружението на јавни обвинители на Република Македонија.​​



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...