Заев со менаџментот на „Лидл“: Германската инвестиција нов стимул за домашната економија

Премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов одржаа состанок во Владата со менаџментот на германската компанија „Лидл“.



На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се дискутираше за новата инвестицијата на трговскиот ланец „Лидл“ во нашата земја, за што компанијата веќе е регистрирана во Северна Македонија.

Премиерот Заев истакна дека новите инвестиции се од голема важност за земјава, во насока на зголемување на понудата, нови вработувања, како и подобрување на севкупната економија. Тој ги поздрави позитивните практики препознатливи за „Лидл“ во поглед на пазарот на труд, обучување на своите вработени, како и практикување на модерен начин за водење трговија.

Премиерот Заев, како што се наведува во соопштението, ја потенцира важноста од натамошно унапредување на работата со Германија, која е наш прв трговски партнер и истакна дека над 200 германски инвеститори вработуваат повеќе од 28.000 лица во нашата земја.

Менаџментот на компанијата „Лидл“, претставуван од Волф Тиедеман, член на Управниот одбор, Милена Драгијска извршен директор на „Лидл“ – Бугарија и „Лидл“ – Северна Македонија, Бисер Инчовски – директор на централните служби, како и Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги презентираа плановите за новата инвестиција во земјава.

– Од менаџментот истакнаа дека компанијата планира својата прва инвестиција во Северна Македонија да ја реализира преку изградба на сопствен модерен логистички центар кој ќе ги поседува сите меѓународни сертификати на „Лидл“ и кој ќе служи како центар за снабдување на синџирот маркети. Опремата која ќе се користи во центарот за логистика е според најсовремените стандарди во Европа, се вели во соопштението.

На средбата во однос на стратегијата за експанзија, беше истакнато дека сите маркети кои „Лидл“ планира да ги отвори во земјава ќе бидат позиционирани во градовите со одржлива демографска и економска моќ.

– Плановите на „Лидл“ за инвестициите во Северна Македонија се да оствари долгорочна, одржлива, одговорна соработка, како со своите клиенти, деловни партнери, така и со своите вработени, но истовремено да делува како општествено одговорна компанија со одговорност кон животната средина. Менаџментот на компанијата „Лидл“ истакна дека се надева на конструктивна соработка со македонските институции и во иднина, стои во владиното соопштение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
1509.- Умре англискиот крал Хенри Седми, основач...
1699.- Умре францускиот писател Жан Батист...