Димитров: Во следните шест месеци или ќе го обновиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот или ќе го изгубиме

На денешната средба на Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ ќе го покренеме и прашањето за пристапување и проширување на Унијата, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров пред почетокот на неформалниот состанок на ГАК, што се одржува денеска под словенечко претседателство во Брдо кај Крањ.

– Го спомнав зборот криза. Етимолошки зборот значи одлучувачка точка. Во рамките на словенечкото претседателство во следните шест месеци ќе ја достигнеме оваа одлучувачка точка или ќе го обновиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот или ќе го изгубиме. Сметаме на вештините и мудроста на нашите словенечки пријатели за да успееме, нагласи Димитров.

Тој потенцира дека темата на средбата на ГАК е посветена кон изградба на поотпорна Европска Унија по Ковид-19 кризата.

– Знаеме дека вирусот, упорниот вирус не знае за граници, не распознава статус на членство или кандидатски статус на земјите. Имајќи ја предвид нашата географија, ние сме опкружени со земји членки, треба да го направиме ова заедно со ЕУ, затоа многу се радувам на дискусијата, додаде Димитров.

Вицепремиерот Димитров вчера по пристигнувањето во Љубљана имаше средба со државниот секретар во Министерството за надворешно работи на Словенија и актуелен претседавач со ГАК, Гашпер Довжан, при што нагласи дека приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ во следните шест месеци, покрај пријателска поддршка за нас и за регионот, претставува и принципиелен однос во полза на кредибилноста на самата Унија.

– Заедничкото минато со Словенија се надоврзува на стремежот за градење заедничка, европска иднина. Приоритетот на словенечките пријатели за следните шест месеци од нивното претседавање со ЕУ, покрај пријателска поддршка за нас и регионот, претставува и принципиелен однос во полза на кредибилноста на самата Унија, истакна Димитров.

Димитров вчера во Љубљана имаше средби и со летонскиот министер за надворешни прашања Едгарс Ринкевичс и словачкиот државен секретар за европски прашања Мартин Клус, на кои беше реафирмирана поддршката за отпочнување на преговори за членство со оглед на фактот дека Северна Македонија ги исполни сите услови и беше потенцирано дека е потребен итен исчекор во процесот на проширување на Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...