Владата на Северна Македонија на прво место во регионот според Индексот на отвореност

Владата на Северна Македонија е прворангирана во регионот според Индексот на отвореност на собранијата и централните власти и исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност, а од парламентите Собранието е на трето место со исполнетост од 68,15 проценти од поставените критериуми.



Истражувањето со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество и Националната фондација за демократија, го спроведе Фондацијата Метаморфозис во соработка со партнерите од регионалната мрежа на Граѓанската организација Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа (ACTION SEE). Проценката се однесува на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на четири држави од Западен Балкан – Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Оваа година, во мониторирањето на парламентите, беа вклучени и Хрватска и Словенија и можеше да се согледа отвореноста на парламентите во екс-југословенските држави.

Како што соопшти Фондацијата Метаморфозис, проценката е резултат на сеопфатно емпириско истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да се утврди степенот до кој се почитуваат принципите на доброто владеење во регионот. Регионалната перспектива служи како референца за тоа како напредуваат државите во регионот кон подобрување на доброто владеење и владеењето на правото што ги води кон нивната стратегиска цел – членство во ЕУ.

-Според истражувањето, најотворена е Владата на Северна Македонија, која исполнува 83,43 проценти од поставените критериуми за отвореност, по која следи Советот на министри на БиХ со 74,9 проценти. На трето место е Владата на Црна Гора со 59,46 проценти, потоа Советот на ФБиХ со 58,42 проценти. Владата на Република Србија исполнува 47,67 проценти од критериумите, а Владата на автономната покраина Војводина 50,18 проценти. На последно место е Владата на Република Српска со 38,53 проценти исполнување на критериумите за отвореност. Како прва земја во регионот што објави и имплементира Стратегија за транспарентност, Северна Македонија даде пример како институцијата треба систематски да пристапува и да ги насочува своите напори кон проактивна транспарентност и отвореност кон своите граѓани. Најдобри резултати постигнуваат министерствата во Северна Македонија со 62 проценти, потоа министерствата на Црна Гора со 57,9 проценти, министерствата во Србија со 48,7 проценти и министерствата во Босна и Херцеговина кои исполнуваат 30,6 проценти од критериумите за отвореност, стои во проценката.

Собранието на Република Северна Македонија, се наведува, исполнува 68,15 проценти од индикаторите за отвореност и е рангиранo на трето место во регионот (на прво место останува Собранието на Црна Гора со 77,89 проценти, по кое следи Собранието на Словенија со 72,31 процент исполнетост на индикаторите за отвореност). Како тело кое е директно избрано од граѓаните и одговара пред граѓаните, Собранието, се посочува, треба да вложи поголеми напори за обезбедување целосна транспарентност, односно отвореност.

Трудот е збогатен со практични препораки за тоа како извршната власт и Собранието во Северна Македонија можат да го подобрат нивното почитување на принципите на добро владеење во иднина. Препораките ќе бидат соопштени до високите државни службеници во сите набљудувани институции преку состаноци, како и до пошироката јавност преку социјалните медиуми и одржување јавни настани. Истражувањето се повторува на годишно ниво и овозможува да се спореди степенот до кој ќе се постапува според овие препораки.

Оваа проценка е достапна на македонски, албански и англиски јазик на веб-страницата на Метаморфозис. Истражување се спроведува како дел од активностите на Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Имал некој тип калибар 50cm па не можел да си најде жена. Му рекле лекот да го бара кај жабата, барајќи ја за жена.
- Жабо, жабо, ќе се омажиш за мене?
- Не.
И оп, му се смалил...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
48. п.н.е.- Римскиот војвода и државник Гнеј...
1066.- Норманскиот војвода Вилијам, иден...
1465 или 1466.- Роден е Ротердамски Еразмо...
1492.- На првото патување преку Атлантикот, во...