Мицкоски: Подавам рака за обединување на опозицијата за уривање на власта

Коалицијата „За обнова на Македонија“ на гласањето за советничките листи освои 55 илјади гласови повеќе од СДСМ и коалицијата, што претставува убедлива победа и јасна порака до власта, но и голема одговорност за опозицијата, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој повика на обединување на целата опозиција во вториот круг, затоа што, како што рече, разликите меѓу нив се мали во однос на заедничката цел „да се собори оваа власт“. Мицкоски од граѓаните побара поддршка и во вториот круг за да може, според него, да се оствари таа цел.

– Изборите покажаа дека има сериозно антивладино расположение и незадоволство од власта, а опозициските гласови и нивната заедничка цел е промена на власта и нова иднина на Македонија. Затоа повикувам на здружена опозиција и заеднички до целта за подобра и нова иднина. Секоја наша разлика во опозицијата е помала од заедничката цел да ја собориме оваа власт за Македонија да оди напред за сите луѓе, изјави Мицкоски по средбата со лидерите на партиите од коалицијата „За обнова на Македонија“.

Тој повика на создавање „здружена опозоција на леви, центар и десни со една мисија – рушење на оваа Влада“.

– Подавам рака за обединување и здружена опозиција, а тоа го побара и народот на овие избори. Македонија има иднина и мора да победува, на чекор сме сите заедно да направиме големи работи, иднината да дојде сега заеднички сите заедно обединети до целта, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски побара и поддршка од граѓаните во вториот круг, иако како што рече сликата и пораката од првиот се јасни.

– Има уште еден круг на овие локални избори и чекор до промени и остварување на нашата заедничка нова иднина, рече тој.

Мицкоски очекува во вториот круг „во поголема мера да се повтори“ она што, како што истакна, било видено во првиот – „поткуп на гласови, полнење кутии, притисоци, уцени…“

– Но, воедно ги повикувам граѓаните да излезат во што е можно поголема бројка во вториот круг, бидејќи само со мобилизација и зголемена излезност може да се победи полицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска и сите бандити кои се закануваат низ Македонија и на тој начин собираат поддршка за СДСМ и коалицијата, реча лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...