Во тек е идентификација на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија

Списокот на патници од автобусот е испратен за Скопје и е започнат процесот на идентификација на жртвите во автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот Струма во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески.



На местото на несреќата се сослушуваат сведоци, додека само двајца од седуммината повредени кои се во болницата „Пирогов“ во Софија се во соодвтена состојба и можат да дадат исказ.

– Одржавме заеднички работен состанок за разјаснување на сите линии на меѓународната правна соработка – добивање на сите потребни документи од македонска страна и добивање биолошки материјал за идентификација на жртвите, рече Сарафов.

Сите потребни документи, Сарафов нагласи дека обвинителството ќе ги испрати до институциите во Скопје.

Јавниот обвинител на С.Макеоднија Јовески, изрази сочувство до роднините на загинатите и се заблагодари на колегите од бугарското обвинителство за заедничката работа.

Шефицата на ОЈО Вилма Рускоска, објасни дека компанијата „Беса транс“ функционира 20 години и досега немала сообраќајни незгоди, но дека мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите. Според првичните информации, автобус бил нов, и во функција е само три години.

Во моментов, според обвинителите, нема да се води дополнителна предистражна постапка кај нас и таа само ќе биде на теритоиријата на Бугарија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...