ССМ е против барањето на Стопанска комора за тестирање на невакцинираните работници на свој трошок

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е децидно против барањето на Стопанската комора за тестирање на невакцинираните работници на свој трошок.



– Законот за работните односи и Законот за бебзедност и здравје при работа во ниедна своја одредба не укажуваат на ваквата можност, напротив секое барање и инсистирање на работодавачите во врска со здравствената состојба на работниците изречно во законите е наведено дека е на трошок на работодавачите, велат од ССМ.

Оттаму нагласуваат дека нема да дозволат изигрување и непочитување на законите, нивно произволно толкување, а со тоа и создавање на целосна правна несигурност на работниците и граѓаните.

– Дотолку повеќе што веќе ја известивме јавноста дека и најкомпетентната институција Државниот инспекторат за труд (ДИТ) постапувајќи по пријава на ССМ се изјасни дека не смеат работодавачите да ги присилуваат и задолжуваат невакцинираните работници да се вакцинираат или да прават контролни тестови, а тоа да го условуваат со забрана за доаѓање на работа. Очекуваме погласна и посериозна објава, став и мислење од ДИТ, зашто проблемите на кои ќе наидеме ќе бидат заеднички, односно непоткрепените со закон активности ќе предизвикаат лавина од приговори, тужби, а можно е и неконтролирани протести, наведуваат од ССМ.

Целта на сите, додаваат, е да се создадат услови за стабилно и разумно делување без предизвикување спонтани реакции од кои сите ќе бидат загрозени.

– Повикуваме на разум, трпение и преземање на сериозни и на закон засновани мерки кои нема да ја вознемират јавноста и граѓаните. Се залагаме за целосно информирање и обука на работниците и граѓаните во врска со предноста и научните сознанија за имунизацијата од Ковид-19. Очигледно е дека надлежните институции во овој поглед потфрлија и недоволно го информираа и мотивираа населението, велат од Сојузот.

ССМ апелира до членството и граѓаните сериозно да ја сфатат потребата од вакцинација.

– Ги повикуваме работниците слободно и по своја волја да одлучат за сопствената имунизација, не прифаќаме уцени и присила во тој поглед, а бараме од работодавачите да создадат работни услови прилагодени на донесените Ковид мерки од страна на Владата, односно работни услови во кои работниците ќе ги обавуваат работните задачи на потребна дистанца, ќе се обезбеди соодветна вентилација на работните простории, заштитни маски и дезинфикациски средства на товар на работодавачот, поголема контрола на користењето на јавниот превоз и превозот на работниците организиран од работодавачите, додаваат од ССМ.

Во оваа насока, потенцираат, потребни се засилени контроли од ДИТ, како и извештај од нив за досега извршените контроли и дали ковид мерките се почитуваат во компаниите, кои компании не ги почитувале ковид протоколите, што е преземено во тој правец, па дури потоа да се преземаат евентуални чекори за правно регулирање на правата и обврските на невакцинираните лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на лицата со хендикеп
1368.- Роден е францускиот крал Шарл VI, кој до...
1800.- Во Врба, кај Блед, е роден Франце...
1808.- Мадрид се предаде на воените сили на...