Сарафов: Жртвите починале од задушување, најверојатна причина за несреќата е човечка грешка

Аутопсиите покажуваат дека сите загинати во автобуската несреќа починале од задушување, а не од ударот. Тоа значи дека биле живи во моментот на пожарот.

Конечна проценка за причините за несреќата ќе треба да дадат финалните анализи, но водечка верзија во овој момент е човечка грешка – како причина за несреќата, изјави на денешната прес-конференција бугарскиот заменик главен обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Разгледани се, но категорично отфрлени и верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата.

Сарафов посочи дека продолжуваат испитувањата и анализите на автобусот, кои треба да дадат одговор за причините и начинот на избувнување на пожарот, како и сообраќајната анализа за причините за кои автобусот ја напуштил патеката на движење. Не била отфрлена ниту верзијата за лошо обележување на патот, сигнализацијата и дали заштитната во која удрил автобусот придонеле за несреќата.

Изнесувајќи ги собраните до моментот информации, Сарафов, нагласи дека во медиумите гледа доста шпекулации и псевдо експерти, но дека иако по емисиите може да се видат 15 или 20 очевидци, всушност очевидци на настанот нема ниту еден.

– Прво испрашни се двајца од патниците во автобусот, кои биле будни во моментот на несреќата. Двајцата даваат објективни информации, испитани се поединечно и исказите им се совпаѓаат, поради што ги земаме за исклучително точни. Денеска се испитуваат и двајца други кои се во болница, изјави Сарафов.

Верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата се разгледани и категорично отфрлени.

– Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт, изјави Сарафов.

Истражителите не нашле докази за експлозија. Работниците во каменоломот што се наоѓа во блзиина на несречата, го слушнале ударот на автобусот во првата заштитна ограда на островскиот простор. Има пат на кочење, што значи дека возачот реагирал пред да удри во заштитната ограда. Но, не е јасно зошто скршнал десно и удрил во оградата. Било темно, и се препоставува дека возачот се збунил со знакот за чешма. При ударот во оградата автобусот скинал девет столбчиња кои при увидот биле најдени под предниот дел на возилото, каде е сместен резеравоарот за гориво. Од ударот предната врата излетала, но таму избувнал пожар, додека средната врата преку која патниците се обиделе да избегаат била блокрана од заштитната ограда.

– Техничкото вештачење на автобусот ќе го вршат најдобрите стручњаци, а со противпожарното вештачење ќе се утврдуваат причините за поижарот. Уште едно сеопфатно вештачење ќе даде одговор на прашањето зошто автобусот ја напуштил траекторијата на патот и како дошол до смртоносниот исход, објасни шефот на националната истрага.

Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на лицата со хендикеп
1368.- Роден е францускиот крал Шарл VI, кој до...
1800.- Во Врба, кај Блед, е роден Франце...
1808.- Мадрид се предаде на воените сили на...