Маричиќ: Реформите испорачани – ЕУ да го врати проширувањето на својата агенда

Проширувањето на ЕУ треба повторно да биде ставено во фокусот, порача министерот за правда Бојан Маричиќ, во своето обраќање на двете работни сесии на средбата на министри, која се одржа денеска во рамки на министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, во Брдо – Крањ.



-На овогодишниот декемвриски самит на Советот, се надевам на отпочнување на процесот на проширување, со донесување консензуална одлука за отворање на пристапните преговори и одржување на Првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, кажа Маричиќ после споделувањето на се она што е реализирано во рамки на Стратегијата за реформа на правосудството пред колегите од Западен Балкан и претставниците на ЕУ меѓу кои и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

Набројувајќи ги сите усвоени клучни стратешки документи за понатамошно подобрување на работата на судиите/обвинителите како и обезбедување на нивната независност од потенцијалниот надворешен и внатрешен притисок, Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, најавувајќи дека веќе е во процес на изработка на нова Стратегија, за периодот 2023-2027 година.

Во делот на владеењето на правото и реформите кои се однесуваат на процесот на создавање независен, непристрасен и ефикасен судски систем кој ги исполнува европските стандарди, Маричиќ се задржа на важната улога на Академијата за судии и јавни обвинители во процесот на спроведување на почетната обука и континуираното професионално усовршување на судиите и обвинителите во Република Северна Македонија.

-Мој личен став како министер е дека примарно и најважно што можеме да преземеме за да се испорача правдата и нашите граѓани да имаат доверба во нашите правосудни системи е да вложуваме во квалитетна и професионална обука на професионалците кои влегуваат во правосудниот сектор, потенцираше Маричиќ, се вели во соопштението.

Во фокусот се најде и дигитализацијата на судството за која Маричиќ рече дека е повеќе од потребна во борбата против корупцијата.

-Кога се дигитализираат повеќе процеси, се намалуваат шансите за човечко влијание. А тоа, според мене, дава дополнителна вредност на целиот процес и напори што ги правиме. За тоа ни се потребни судии, обвинители и судска администрација кои постојано ќе се надоградуваат следејќи ги програмите и обуките на Академијата за судии и јавни обвинители, што е и една од задачите на Академијата, заклучи Маричиќ.

Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, на крајот испрати порака дека направивме позитивни промени во правосудството во духот на европските вредности и дека очекува ЕУ партнерите да го наградат тоа давајќи им на Северна Македонија и Албанија датум за отпочнување на преговорите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој ранет терорист го однеле во болница со тешка рана во пределот на срцето. Типот преживеал, а докторите се собрале околу него и се чуделе каков медицински феномен е.
- Добро...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1516.- Умре шпанскиот крал Фердинанд Втори и...
1719.- Со обединувње на Вадуц и Шеленберг...
1744.- Умре италијанскиот филозоф, историограф и...
1783.- Во Гренобл е роден Мари Анри Бејл, познат...