Бомгартнер: Сакаме да бидеме корисни и да направиме сè за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ

Најмногу сакаме да бидеме корисни и да направиме сè што ќе помогне да се подобри состојбата со цел да се придвижат позициите, да се постигне договор и да се отворат преговорите за Северна Македонија. Доколку ова е можно во време на француското претседателство, тогаш сето тоа ние и ќе го направиме, изјави амбасадорот на Франција во земјава, Сирил Бомгартнер на денешната прес-конференција на којашто ги претстави програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија.



Евроамбасадорот Дејвид Гир, надополнувајќи се на изјавата од Бомгартнер додаде дека ништо не е променето и оти односите со Западен Балкан и Северна Македонија остануваат во иста рамка за стабилизација и асоцијација.

Во однос на црвените линии во преговорите со Бугарија, Гир посочи дека Северна Македонија направи сè што е неопходно ги исполни сите услови за отворање на преговорите.

– Ги охрабруваме и Северна Македонија и Бугарија да продолжат со преговорите за да се решат нивните заемни прашања за да можеме да ги отвориме преговорите за членство. Во однос на различните декларации во двете собранија ќе ви кажам дека тоа е билатерално прашање од кое се засегнати двете држави. Охрабрувањето го гледам и низ посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Северна Македонија, додаде тој.

Говорејќи за договорот со Фронтекс францускиот амбасадор истакна дека со постигнување договор меѓу Софија и Скопје, ќе се овозможи и деблокада на ова прашање, односно со усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција ќе се разреши и тој договор.

Евроамбасадорот Гир, пак истакна дека веќе физички има присутни полицајци од повеќе држави членки на Унијата, кои даваат поддршка за чување на границите и оти тој договор е веќе постигнат меѓу ЕУ и Северна Македонија.

– Ве слушам и свесен сум за нетрпението и очекувањата за ова и веќе сум кажал дека се наоѓаме во фаза што е поразлична. Реално кажано се наоѓаме во контекст што глобално е нов и минатата година, особено последните недели беа појаснети голем број на политички работи особено во Бугарија. Денес, ние имаме бугарска Влада што е изгласана со политички капацитет да одлучува што не беше случај претходно. Во текот на 2021 година за три месеци имаше три избори, тоа е нов услов и Дејвид го истакна тоа. Имаме впечаток дека во овој нов контекст има охрабрувачки сигнали, а ние како француско претседателство, а тоа важи и за сите други европејци и засегнати институции, не сакаме да направиме нешто што би било непродуктивно во овој благонаклонет контекст, изјави Бомгартнер во одговор на новинарско прашање.

Што се однесува до улогата што Франција може да ја одигра во преговорите меѓу Скопје и Софија, тој вели дека не е прашањето дали, туку како можат да бидат корисни со цел да го поддржат процесот што е во тек.

– Денес прашањето за посредништво не е на маса од повеќе причини, бидејќи не е потребно посредништво и не треба трета страна, бидејќи двете страни треба да се договорат за воспоставување на дијалог бидејќи единствено нешто што посакуваме е колку што можеме да бидеме корисни за да можат да се испорачаат резултати за оваа важна земја, додава францускиот амбасадор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...