ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од претседателот на Собранието Џафери

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од претседателот на Собранието Талат Џафери откако вчера во јавноста беше лиферувана аудиoснимка на која, како што потенцираат од опозициската партија, се слуша неговиот глас и како тој се обраќа кон собраниски службеници.



Портпаролот на партијата Наум Стоилковски на прес-конференцијата повика на оставка на Џафери наведувајќи дека тој веќе е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом.

-Не постои друг чекор по примитивизмот на Талат Џафери освен негова оставка! Талат Џафери, со сиот негов примитивизам во Парламентот, е недостоен да го води и да биде член на законодавниот дом, истакна Стоилковски.

Според него, станува збор за потврдена снимка од Талат Џафери.

– Во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието? Не постои оправдување за ваков простотилак и прашање е дали сите коалициски партери во крими-власта го поддржуваат и би го оставиле без осуда ваквото примитивно однесување, прашува Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека кога СДСМ и ДУИ немаат аргументи, претседателот на Собранието Џафери станува нервозен и на површина испливува суштината односно сликата за севкупното практикување на власта на, како што рече, крими- коалицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...