Телеком донираше вреден апарат на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје

Kлиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доби значајна донација од Македонски Телеком. Станува збор за современ, мултифункционален апарат за анестезирање на пациенти кај коишто се спроведуваат оперативни зафати од гинеколошка и акушерска природа. Ова е прв ваков апарат на клиниката и воопшто во земјава, обезбеден согласно со потребите на клиниката за подобра грижа за пациентите.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство доц.д-р.Викторија Јовановска изјави: „Овој апарат значајно ќе им помогне на сите, но особено на ризични пациентки коишто се изложени на примање на анестезија за време на тешки и долги оперативни зафати.. Станува збор за технолошко достигнување кое ќе биде на услуга при повеќе од 3000 сложени гинеколошки оперативни зафати кои годишно се изведуваат на нашата клиника. Оваа донација е уште позначајна бидејќи ја добиваме во време на значително намален капацитет на постоечката апаратура поради искористеност, како и период во кој инвестициите беа значително намалени поради периодот на пандемијата.



Проф.д-р. Сивевски, Раководител на Одделението за интензивна нега, анестезија и реанимација изјави: „Основната функција на апаратот е анестезирање на пациентите во гинеколошката и акушерската проблематика. Придобивките од апаратот, кој е супериорен како по карактеристиките, така и по квалитетот се големи затоа што ќе се користи кај сите пациенти...

Обезбедувањето на овој апарат кој е единствен од овој тип во државата, ќе ги надополни капацитетите со досегашната опрема, што пак значително ќе влијае на непречено функционирање на оперативниот програм“.



- Македонски Телеком е дел од оваа заедница и има одговорност да придонесе за развојот на општеството и добросостојбата на луѓето во Македонија. Ние имаме обврска не само да креираме врвни дигитални решенија кои им помагаат на луѓето во секојдневниот живот, туку и активно да учествуваме со општествено корисни активности од интерес на сите. Се надеваме дека со оваа донација ќе се овозможат подобри гинеколошки услуги за родилките и новороденчињата на кои тоа им е најпотребно. Како општествено одговорна компанија ќе продолжиме да поддржуваме проекти кои ја отсликуваат нашата заложба за подобар живот за сите, изјави Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...