Тупанчески: Судовите не смеат да ја кријат својата работа од оние во чиј интерес делуваат

Судовите не смеат да ја кријат својата работа од оние во чиј интерес делуваат, истакна министерот за правда Никола Тупанчески на седмата Охридска школа на природно право.



Во своето обраќање на тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции”, Тупанчески рече дека Министерството за правда се залага колку што е можно повеќе да создаде услови за зајакнување на институциите кои треба да го овозможат развојот на демократското општество. Во таа насока поддржано е формирањето на Судско-медиумскиот совет, кој е составен од претставници од судството и од медиумите со цел да се зајакне довербата меѓу овие две фели и да се овозможи правилно и објективно информирање за судските процеси од интерес на јавноста, без при тоа да се нарушуваат основните човекови права на учесниците во постапките.

Министерството за правда, како што посочи, активно работи и на зголемување на транспарентноста на судовите како еден од инструментите за зајакнување на довербата на граѓаните во судството и правната сигурност на компаниите.

Според Тупанчевски, судовите како државни органи не смеат да ја кријат својата работа од оние во чиј интерес делуваат. Со тоа, како што додаде, ќе се зајакне довербата на граѓаните во власта а девијантните однесувања ќе се санкционираат.

-Значаен сегмент за развојот на институциите е нивната дигитализација. Планот за дигитализација на правосудството, Министертсвото за правда го реализира успешно. Тоа ќе овозможи побрза правда, намалување на корупцијата, намалување на трошоците во судските постапки, странките ќе заштедат на време, ќе има помал број на одложени судења. Целосната дигитализација очекуваме да се реализира во 186 судници во 34 судови, што ќе придонесе кон зајакнување на довербата на јавноста и заштита на системот, потенцира Тупанчески.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...