Кацарска: Со уставната тужба ќе се овозможи заштита на сите уставни слободи и права од страна на Уставниот суд

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска учествуваше на Охридската школа на природното право организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ на МАНУ и поддржана од Амбасадата на САД во Скопје.



Во рамки на годинашната тема „Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции” Кацарска зборуваше за потребата од воведување на уставна тужба како нов инструмент за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд и порача дека улогата на Уставниот суд како гарант и заштитник на слободите, може единствено и целосно да се оствари ако се воведе нов инструмент – уставна тужба со амандманска интервенција во членот 110 алинеја 3 од Уставот со што ќе биде до крај остварена намерата на уставотворецот.

– Со воведувањето на уставната тужба ќе се овозможи заштита на сите уставни слободи и права од страна на Уставниот суд, наместо како што е сега да се однесува само на неколку изрично наведени. На овој начин, би се надминала сегашната парадоксална ситуација, кога се отфрлаат барања за заштита на уставни слободи и права кои не се опфатени со претходно цитираната одредба од член 110 алинеја 3 од Уставот, рече Кацарска.

Таа порача дека ваквата уставна интервенција ќе предуслови и интервенција во постојниот акт кој го уредува начинот на работа и постапката пред Уставниот суд каде детално би се уредила целокупната постапка по поднесена уставна тужба.

– Водејќи се од претходно реченото, на неодамнешната средба со државниот врв, го актуализирав прашањето за воведување на уставната тужба. Притоа, покрај дел од аргументите наведени погоре, наведов дека со воведувањето на уставната тужба, како држава би ги исполниле обврските што ги имаме како потписник на Протоколот бр.15 на Европската конвенција за заштита на слободите и правата за воспоставување на национален механизам на заштита на слободите и правата како последен филтер пред обраќањето до Европскиот суд, нагласи Кацарска.

Покрај правното интервенирање, ќе биде потребно Уставниот суд да биде организационо, административно и технички подготвен пред да се започне со постапување по уставните тужби за што ќе биде потребен одреден период на подготовка. Ова ќе бара ангажирање на дополнителни буџетски средства за потребите на Уставниот суд (кои во однос на вкупните буџетски расходи согласно овогодишниот републички буџет изнесуваат околу 0,021 отсто и се далеку од она што реално му е потребно на Судот), но од друга страна, она што би се добило како нов квалитет во заштитата на уставните слободи и права, многукратно го надминува материјалното вложување, порача претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во своето денешно излагање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Што е разлика меѓу падобран и кондом?
- Па, ако падобран се дупне, еден живот помалку. Ако кондом се дупне, еден живот повеќе.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1570.- Папата Пие Петти иако од црквата ја...
1707.- Роден е италијанскиот писател Карло...
1723.- Умре англискиот архитект Кристофер Рен,...
1778.- Роден е аргентинскиот генерал и...