Собранието не ја изгласа интерпелацијата на Талат Џафери

Пратениците вечерва не ја изгласаа интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери, што ја поднесе опозицијата. „Против“ гласаа 61 пратеник, а „за“ беа 43 пратеници.



Во текот на дебатата, опозицијата го обвини Џафери за кршење на одредбите од Уставот и Деловникот за работа на Собранието, за немање капацитет за водење на собраниските седници и за несоработка со пратениците од опозицијата. Според опозицијата, се почесто има скандали во работењето на претседателот на Собранието, а меѓу последните ги посочија заклучувањето на пратениците во пленарната сала и користењето на непристоен речник во комуникацијата со службите во Собранието.

За парламентарното мнозинство, кое се изјасни дека нема да даде поддршка на интерпелацијата, ваквиот потег на опозицијата е обид поскоро да се врати на власт. Интерпелацијата, како што посочија, е непримерна, а претседателот на Собранието треба да продолжи да го води законодавниот дом. Единствениот кочничар во Собранието, според парламентарното мнозинство, е опозицијата која прави блокади и острукции и оневозможува да функционира законодавниот дом.

Претседателот на Собранието Талат Џафери од собраниската говорница во текот на денешната расправа и порача на опозицијата да се погледне во огледало и да се преиспита. Рече дека во изминатиот месец опозицијата изнела многу лични навреди кон него, но дека тој нема да зборува на тој начин.

По неприфаќањето на интерпелацијата, претседателот на Собранието рече дека ќе продолжи да работи во насока на тоа да не се узурпира законодавниот дом и најави дека ќе продолжи комуникацијата со сите пратеници.

– Без оглед на начинот на гласање, важно е што се нарушија тезите дека интерпелациите се држат во фиока. Ми останува да им се заблагодарам и на тие што гласаа за моето разрешување и на оние кои гласааа против моето разрешување. Како и да е, работата на законодавниот дом ќе продолжи, а граѓаните се оние кои ќе ја направат проценката бидејќи никој од нас не е непогрешен. Ќе кажам дека со моите постапки нема да дозволам да се узирпира овој дом кој му припаѓа на народот. Продолжува и комуникацијата со секој од вас, рече Џафери.

Интерпелацијата беше поднесена на 30 мај од страна на ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Релативно срамежлив дечко отишол во кафич со другарите и откако се напиле по една пијачка овој собрал сили и и пришол на некоја од девојките, прашувајќи ја дали може да ја части...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
138.- Умре римскиот цар Публиј Еилиј Адријан, кој...
1509.- Роден е Жан Калвин, верски реформатор,...
1559.- Умре францускиот крал Анри Втори, татко...
1774.- По шестогодишната војна меѓу Русија и...