ЕУ: Прашањето поврзано со Русковска и Муареми треба да го решат надлежните органи

Европската Унија внимателно ги следи сите случувања поврзани со меѓусебните неодамнешни јавни размени на обвинувања меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми и смета дека – тоа прашање треба да го решат надлежните органи, се вели во одговорот до МИА од Делегацијата на ЕУ во Скопје во врска со повикот на јавната обвинителка Русковска упатен до надлежните државни институции и странски амбасади и меѓународни организации.



– Спроведувањето на владеењето на правото е еден од највисоките приоритети за Европската Унија. Тоа е суштински дел од претстојниот преговарачки кластер за Фундаменталните вредности, кој прв ќе биде отворен во пристапните преговори со ЕУ, наведуваат од Делегацијата на Унијата.

Во одговорот се посочува дека постоечките закони на земјата ги пропишуваат соодветните надлежности на националните власти и начините на нивната меѓусебна соработка, кои треба да се почитуваат.

– Ова прашање треба да го решат надлежните органи, се додава во одговорот.

Шефицата на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ, „еднаш засекогаш да се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот“.

Во писмената реакција по завчерашниот брифинг на директорот на Управата на финансиската полиција, Арафат Муареми, на кој тој најави дека ќе поднесе кривична пријава против неа и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, Русковска нагласи дека е згрозувачки притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешањето во предмет на Обвинителството, што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство.

– Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласува Русковска во реакцијата.

Во одговор на повикот на Русковска вчера Амбасадата на САД оцени дека станува збор за тековен процес и е прашање што треба да го решат надлежните органи во државата.

– Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија и ги поддржува напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, се наведува во одговорот на Американската амбасада во земјава доставен до телевизија Телма во врска со повикот на Русковска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...