Истражната постапка за болницата Жан Митрев се очекува да заврши најдоцна за 3 месеци

Истражната постапка за сторена измама во болницата Жан Митрев во ОЈО Скопје е во тек и се прибираат материјални докази – сослушување на оштетени и измамени лица и се очекува да заврши во следните два – три месеци.

Како што информираат на денешниот брифинг во ОЈО Скопје, досега се сослушани околу 80 проценти од лицата кои се измамени и тоа во следниот период ќе биде завршено.

Во однос на безбедносните мерки против обвинетиот, од ОЈО Скопје велат дека има одземени патни исправи и депонирана гаранција од еден милион евра пред Судот дека нема да бега до завршување на постапката.

– Сега за сега со овие мерки сметаме дека тоа е доволно за да се обезбеди присуство на обвинетиот, посочуваат од ОЈО Скопје.

На 12 август Обвинителството отвори истрага во која сопственикот на болницата доктор Жан Митрев е осомничен за измама на пациенти, откако по емитувањето на документарниот филм „Нечиста крв“ на ИРЛ, на 18 јули, оформи предмет по допрен глас за да го испита начинот на лекување на пациентите во приватната болница „Жан Митрев“ во периодот на пандемијата со коронавирусот од 2020 до 2022 година.

-Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД 19 со методот на хемофилтрација, соопштија тогаш од Јавното обвинителство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...