ЕТНО ја одобри стратешката ориентација и управувањето за 2023 година

ЕТНО, Асоцијацијата којашто ги претставува водечките даватели на дигитални мрежи и услуги во Европа, денес оствари средба во Скопје по повод своето годишно Генерално собрание. Членовите и набљудувачите ја одобрија годишната стратегија на ЕТНО за 2023 година, како и низа одлуки во врска со управувањето. Во согласност со статутите на ЕТНО, овогодинешниот домаќин на настанот избран врз основа на ротирање беше водечкиот телекомуникациски оператор во Северна Македонија, Македонски Телеком.

Стратегија на ЕТНО за 2023 година

По оценувањето на предизвиците коишто произлегуваат од геополитичката и економската состојба, ЕТНО потврдува дека неговиот патоказ за 2023 година ќе биде главната цел на европскиот телекомуникациски сектор: оснажување на заедниците со обезбедување пристап до инклузивна дигитална инфраструктура и услуги, на тој начин овозможувајќи драстично намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Во овој контекст, приоритетите на ЕТНО за 2023 година ќе бидат концентрирани во 3 главни области:
             -Продолжен фокус на клучни овозможувачки политики, како што се: поддршка во вонредни состојби и кризи, при кои нашиот сектор може да помогне за обезбедување соодветен одговор; обезбедување подобра политичка и регулаторна средина за инвестиции во распоредувањето 5G и оптички мрежи, вклучувајќи и правичен придонес, како и играње клучна улога во рамките на претстојната дебата на ЕУ во врска со метаверзум; поттикнување проактивна агенда за одржливост на ЕУ за секторот; поттикнување подобро разбирање на конкурентната динамика и степенот на телекомуникациските пазари; задржување на улогата на клучен двигател на дијалогот за сајбер безбедност и отпорност на мрежите.

            - Играње клучна улога во однос на иновациските политики и трендови: промовирање подобра средина којашто е придвижена од можностите за податочниот бизнис и иновациите на телекомуникациските оператори; следење и давање удел во долгорочниот технолошки развој вклучувајќи и процена на мрежите во насока на 5G, како и квантни мрежи, со посебен акцент на енкрипцијата.

            -Силен фокус на дијалогот меѓу чинителите на европско и меѓународно ниво: продолжување на понатамошното унапредување и зајакнување на дијалогот во рамките на индустријата меѓу телекомуникациските играчи; понатамошно проширување на дијалогот со чинителите во екосистемот, вклучувајќи ги и технолошките компании, вертикалните индустрии и малите и средните претпријатија; понатамошно зајакнување на втемелувањето на дијалогот на трансатлантско ниво со САД и проактивен ангажман во сите релевантни меѓународни форуми, со особен акцен на Меѓународниот телекомуникациски синдикат и Форумот за управување со интернетот.

Одлуки во врска со управувањето



На Генералното собрание беше повторно потврден Стивен Тас (Проксимус) за Претседател на Извршниот одбор на ЕТНО за 2023 година со дополнителен мандат од една година. Составот на Извршниот одбор е како што следува:

          -На Генералното собрание повторно беа потврдени А1 Телеком Австрија (Иво Ивановски), Altice Portugal (Педро Гонсалвес), Telefónica (Царлос Косина), Telia Company (Олга Сихмане) како членови на Извршниот одбор со дополнителен мандат од 3 години;

         -На Генералното собрание во рамките на Одборот беше избрана United Group. Џанет Захариева ќе биде нивен претставник со дополнителен мандат од 3 години.

Исто така, на Генералното собрание беше одобрен буџетот за 2023 година, со што беше обезбедена стабилна финансиска состојба, при тоа земајќи ги предвид притисоците предизвикани од инфлацијата.

Лизе Фур, Генералниот директор на ЕТНО, рече: „Во 2023 година, главната цел на ЕТНО е да даде поддршка на членовите и креаторите на политики во овие тешки времиња бидејќи дигитализацијата може да ги понуди многу потребните социо-економски можности. Ние сме му благодарни на Македонски Телеком што беше наш домаќин во срцето на Балканот, во момент кога овој регион конективноста ја гледа како шанса за зајакнување на своите општества и економии“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...