Ахмети: Одбележувањето на Денот на албанската азбука упатува јасна порака како треба да градиме подобра иднина

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на сите граѓани им го честиташе припадност Денот на албанската азбука и одржувањето на Битолскиот конгрес, нагласувајќи дека одбележувањето на овој историски настан што се одржа во Битола пред 114 години упатува јасна порака како треба да изградиме подобра иднина за сите нас.



Ахмети, по Свечената академија по повод 114-годишнината од Конгресот во Битола и Денот на албанската азбука што се одржа денеска во Скопје, рече дека овој историски настан важен за албанскиот народ е одржан во град каде што имало македонски сограѓани, Власи и сите тие го имаат подржано собирот.

– Пет години пред да се случи одржувањето на Битолскиот конгрес, Македонците, Власите и Албанците имале еден заеднички историски настан, а тоа е Крушевската република. Затоа и двата историски настан се поддржани од различните народи во нашата земја, изјави Ахмети.

И Македонците и Албанците, нагласи Ахмети, направиле заеднички напори за да се борат да го отстранат истиот режим и истата неправедна идеологија.

– Затоа денес Македонија е заедничка држава. Заедно Македонија да ја направиме Европа, исто така, како што веќе ја направивме членка на НАТО. Сите да застанеме заедно – политички партии, политичари, медиуми… за да промовираме вредности и со тие вредности да станеме членка на ЕУ, изјави Ахмети.

Тој порача дека имаме заедничка цел и затоа треба сите заедно да застанеме во борбата против криминалот и корупцијата и обединети кон истата цел за спроведување на сеопфатен ветинг, како во законодавната власт, така и во извршната и судската власт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...