Возилото коешто пропадна на плоштадот „Македонија” не е во сопственост на турската ТВ серија „Балканска приказна”

Продуцентскиот тим на турската серија „Балканска приказна” и локалниот партнер Сити Стар Продукција, којашто во изминатите седум месеци се снима на повеќе локации во Скопје, во целост ги демантира информациите пласирани во јавноста во коишто се наведува дека возилото коешто вчера пропадна на плоштадот „Македонија“ е во сопственост на турската серија „Балканска приказна” или Balkan Ninnisi на ТРТ1.

Тимот на серијата заедно со актерите од Турција работат и живеат во Скопје во изминатите седум месеци, грижејќи се за градот, урбаната опрема и одржување на зеленилото и чистотата на локациите каде што до сега сме работеле, пред се затоа што Скопје е наш втор дом и наша должност е да возвратиме со грижа и почит. На овој начин и ќе продолжиме да работиме во текот на идните снимања.

Изразуваме искрена благодарност до Скопје и скопјани за искажаното разбирање и поддршка којашто ја добиваме уште од првиот ден кога ги започнавме подготовките за снимање на серијата.

Скопје, иако поделен од реката Вардар на два дела, од едната страна Турци и Албанци, а од другата Македонци, сепак живеат сплотено прифаќајќи ги и почитувајќи ги различностите. На ова се темели и приказната на Балканска приказна, серија која ги промовира вредностите на соживот, солидарност и заеднички живот, притоа доловувајќи ги шарените културни традиции на два различни народи и прикажувајќи ги убавините на градот Скопје.

ТВ серијата „Балканска приказна“ е во продукција на Јалчин Ари и Угур Узунок, а во режија на Сердар Акар, Селахатин Санџакли и Еврим Јонеј. Линиски продуцент е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...