Џафери упати честитка по повод Денот на албанското знаме

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во свое и во име на пратениците упати честитка по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември, изразувајќи „искрени желби за бескрајни успеси и напредок на Албанците каде и да се, а празникот, како што е впрочем и цел месец ноември, нека биде повод за чувство на гордост и среќа за тоа што сме биле, сме и ќе бидеме во иднина“.

– Несомнено дека овој значаен празник е длабоко втиснат во колективната национална историска меморија и во срцата на сите припадници на албанскиот народ, каде и да се наоѓаат раштркани по светот и денес, кога ја одбележуваме 110-годишнината од денот кога мудриот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со делегати од различни албански градови го истакна националното знаме во Валона, Албанците, со чувство на национална гордост го чествуваат како симбол на албанската национална културна ренесанса, пишува во честитката собранискиот претседател.

Џафери нагласува дека нашата заедничка државна и регионална определба за европска интеграција е единствениот патоказ којшто „нè мотивира да работиме посветено и неуморно за да станеме што побрзо дел од големото европско семејство“.

Таму, заедно, со исти заеднички вредности и стандарди, ќе придонесуваме за подобар свет за идните генерации. Живееме во времиња на предизвици во секој поглед и само сплотеноста ја сочинува вистинската сила, која може да ја надмине секоја препрека. А Албанците, заедно со сите граѓани на Република Северна Македонија, се камен на консолидирање на таа сила. Нека е честит 28 Ноември – Денот на знамето, додава Џафери во честитката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...