Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да се зафати со работа во Скопје, избори ќе има во 2024 година

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се зафати со работа во Скопје, повторувајќи дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и оти никој не се плаши од избори. Ковачевски, кој беше во посета на Тутунскиот комбинат во Прилеп, истакна дека катастрофата што и се случуваше на земјава 11 години, сега му се случува на Скопје, потенцирајќи дека во 2015 година тогашната Влада оставила неисплатени субвенции, а изградила 36 споменици во главниот град.



– Така како што успеаја да ја заглават државата 11 години, ниту еден милиметар во европски интеграции, раскарани внатре, раскарани со сите соседи…, јас би им порачал власта која што имаат во Скопје да земат да ја практикуваат затоа што од Скопје денес едвај излеговме бидејќи на протест се сите превозници. Во Скопје ветуваа бесплатен автобуски превоз, ветуваа бесплатен автобус, ветуваа брда и долини… Во моментов Скопје ниту има автобуски превоз, ниту има пречистителна станица за вода, ниту има какво било поместување на кој било капитален проект, кој им го остави минатата власт, рече Ковачевски.

Според него, не може на ВМРО ДПМНЕ да му биде изговор дека се скарале со градоначалничката, која што е нивен кандидат, бидејќи тие ја промовираа по Скопје.

– Не може, сега знаете, се скаравме и за да можеме добро да го управуваме Скопје ни требаат парламентарни избори. Не поминува таа работа. Нека се фатат за работа за да можат да профункционираат општините. Не сакам да зборувам за Општина Прилеп, рече Ковачевски.

Тој истакна дека пред точно една година ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори и освои 50 општини во државата.

– Тие освоија локална власт во главниот град во државата. Она што треба да прават е да се фатат за работа, рече премиерот.

Ковачевски повтори дека парламентарни избори ќе има во 2024 година и тие ќе бидат редовни, бидејќи тоа е редовен термин.

– Помина времето кога во државата се правеа избори секоја година само затоа што некој сака да спроведува само своја лична политичка агенда. Никој не се плаши од избори, додаде Ковачевски.

Тој е убеден дека СДСМ и коалицијата ќе победи и на претседателските и на следните парламентарни избори.

Во однос на барањето за предвремени избори, Ковачевски вели дека опозицијата нема конзистентен став.

– Опозицијата имаше избори во август оваа година. Тоа беа локални избори во општините Маврово – Ростуше, Центар Жупа и во Тетово. И таму се потврди дека тоа што го прават дека водат на анкетите е само за себе и за своето членство. Се потврди дека доживеаја најголем пораз, дека во Центар Жупа и покрај тоа што сакаа да направат бојкот уште еднаш не успеаја и во Општина Тетово каде што велеа дека ќе победеле 6:0, имаа послаб резултат од тоа што го имаа на последните локални избори, рече Ковачевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...