Потпишан договор за намалување на роаминг тарифите меѓу ЕУ и Западен Балкан

На Самитот Западен Балкан – Европска Унија што се одржува денеска во Тирана телекомуникациските оператори потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од следната година. На потпишувањето на Договорот присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски заедно со другите лидери од Западен Балкан, како и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и прeтседателот на Советот на Европа Шарл Мишел.



Со Договорот, Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и БиХ од идната година ќе имаат пониски тарифи во роаминг со земјите од ЕУ, а тарифите блиски до националните нивоа на цени се планира да се постигнат до 2027 година.

-Денешното потпишување на договорот е уште една силна потврда за нашата европска иднина и интензивната соработка на земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ. Со овој договор од денес ќе сме поповрзани со земјите од ЕУ и ќе можеме полесно и побрзо да одиме по европскиот пат. Со овој договор се овозможува поголема поврзаност и практична и економска придобивка и за граѓаните и за бизнисот, оценуваат од Владата.

Европската комисија и Регионалниот совет за соработка (РСС), предводени од генералниот секретар Мајлинда Брегу, по долги преговори постигнаа договор со телекомуникациските оператори од Европа и Балканот за намалување на роаминг тарифите.

РСС очекува со примената на Договорот да се намалат оперативните трошоци на бизнисмените, да се поттикне бизнисот надвор од матичните граници и да се даде дополнителен поттик на туризмот во регионот на Западен Балкан.

По стапувањето во сила на регионалниот договор за намалување на цените на роаминг, со кој во јули лани целосно беше укинат роамингот во Западен Балкан од јули 2021 година, РСС, во соработка со ЕК, операторите од ЕУ и од ЗБ, како и со властите од регионот, работеа на намалување на цените на роаминг меѓу Европската унија и регионот.

На 1 јули минатата година се укина роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Во состав на владината делегација од Северна Македонија на Самитот во Тирана, се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ковачевски на Самитот во Тирана ќе учествува и на две панел дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...