Приватните автобуски превозници ја продолжуваат блокадата пред Град Скопје

Во тек е преместувањето на приватните автобуски превозници од пред ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Како што изјави за МИА Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“, блокадата на две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинденска“ на потегот од Фонтана, па се до крстосницата до ГОБ „8 Септември“.



Муриќ исто така изјави дека приватните превозници денеска после 13 часот ќе бараат прием во Владата со премиерот Димитар Ковачевски.

Превозниците завчера на координативен состанок одлучија од 10 часот да ги дислоцираат автобусите од кај „Мавровка“ и Црвен крст и да се упатат на бул. „Илинден“, на потегот од зад Владата кон Карпош до „Алумина“. Причина за деблокадите, како што велат, е да се направи поголем притисок на Град Скопје за да им се исплати долгот.

Во саботата Муриќ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат повторно средба со градските власти, рече дека Арсовска нема намера да разговара со нив, бидејќи, како што посочи, ги нема аргументите. И тогаш најави дека ќе бараат помош директно и од премиерот Димитар Ковачевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...