Ивановска: Поразително е доаѓањето на тимот од Вашингтон бидејќи не сме си ги завршиле домашните задачи

Несериозно се сфаќаа сите укажувања и препораки што ги добивавме од странски фактори и затоа ни се случува ова со тимот за санкции од Вашингтон кој во земјава ќе изврши увид во корупцијата, вели претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска на денешниот брифинг по повод 9 Декември – Меѓународен ден за борба против корупција.



– Во наредниот период ќе се расчистат сите овие дилеми зошто и како се дојдени, за нас е поразително бидејќи не сме си ги завршиле сите домашни задачи, истакна Ивановска и додаде дека за високата корупција ќе биде тешко да се искорени, но ако се има искрени намери оптимистична е дека може да се промени нешто.

Вели дека како сериозен кандидат за влез во Европската Унија, Северна Македонија има проблем со правосудниот систем и потребно е да го реши тој проблем, а Американците го поддржуваат тоа.

– Тие ни даваат на некој начин поттик и помош да го надминеме тој проблем и полесно да зачекориме кон европскиот пат, изјави претседателката на ДКСК.

Во однос на тоа дали ќе имаат средба со тимот од Вашингтон, Ивановска истакна дека сè уште немаат точни информации дали воопшто ќе остварат средба со нив.

Членовите на ДКСК порачаа дека со самото доаѓање на тимот, ќе се изврши притисок во институциите и ќе постапат сериозно според апелите на Комисијата и нивните иницијативи.

За Законот за ветинг, Ивановска вели дека е работа на политичката волја и дали се тие спремни да го спроведат. Горан Трпеноски, член на ДКСК посочи дека најосновното прашање што треба да се постави е „кој ќе го спроведе тој Закон“, бидејќи од досегашното искуство, како што посочи тој, државата нема капацитет да направи Комисија што ќе го спроведе законот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...