Жан Митрев бара странските амбасади активно да го следат процесот на ОЈО против него

Жан Митрев и Клиничката болница „Жан Митрев“ испратиле писмо до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во земјава со кое ги информираат за текот на истрагата на Основното јавно обвинителство во случајот против нив, повикувајќи ги внимателно да ја следата целата истражна постапка.



– Ви се обраќам со намера да Ве информирам и запознам за случајот што верувам дека може да остави длабоки траги во општественото живеење, во перципирањето на здравствената професија и случај што претендира да воведе лоша пракса во правосудниот систем во државата. Ваквите примери можеби се ретки, но и како такви може да предизвикаат штета со далекусежни последици, се наведува во писмото.

Во писмото се бара зголемен мониторинг на судскиот процесот заради „несериозниот и површен пристап“, бидејќи, како што се наведува, од сите оние што се повикани како сведоци пристигнуваат „сведоштва за несериозноста и нецелосно иследување“.

– И затоа Ви се обраќам со надеж и желба дека ќе го поттикне Вашиот интерес и ќе го побуди Вашиот фокус на мониторинг на овој случај. Верувам во една вистина, онаа што е поддржана со факти и онаа што некој ја доживеал, треба само да се создадат услови за истата да ја види светлината на денот и да се толкува таква како што е, недвосмислено и целосно, се додава на крајот од писмото.

Основното јавно обвинителство – Скопје по утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, на 12 август минатата година донесе наредба за спроведување истражна постапка против Жан Митрев поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело „измама“ од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според ОЈО – Скопје, осомничениот во периодот од април 2020 година до 2022 година, со цел да прибави противправна имотна корист за клиниката „Жан Митрев“, „со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД-19 со методот на хемофилтрација“.

Имајќи ги предвид околностите, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог на Митрев да му биде одземена патна или друга исправа со која би можел да ја премине државната граница, како и да биде изречена забрана за издавање нова.

– Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката, информираа од Јавното обвинителство.​

По завршување на истрагата, на 10 јануари, ОЈО – Скопје поднесе обвинение против Жан Митрев и клиниката „Жан Митрев“ за кривичното дело „измама”, за што е предвидена казна затвор во траење до 10 години.

Истрагата против Митрев и Клиниката „Жан Митрев“ уследи по сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во која се тврдеше дека приватната болница „Жан Митрев“ на пациенти при лекување од Ковид-19 им наплаќала високи суми за хемофилитрација, иако таа метода не била пријавена во Агенцијата за лекови – МАЛМЕД. По сторијата, Митрев покрена тужба против ИРЛ, која ја повлече на почетокот на месецов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...