Стевановиќ за МИА: Заштитата од „кракен“ е иста како и за претходните соеви на Ковид-19

Заштитата од новиот сој на Ковид-19, „кракен“, е идентична со претходните. Неопходен е сериозен пристап на граѓаните и придржување до дадените препораки. Тоа се носење маска во здравствени институции, во затворен простор како што е јавниот транспорт, како и избегнување на затворени простории преполни со луѓе, вели во изјава за МИА директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.



Во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија. Очекувањата се дека овој сој на вирусот ќе почне да осцилира и кај нас, како и во другите земји, но, како што нагласува Стевановиќ, нема место за паника.

– Таа не помогна ни во највисоките трендови на развој на пандемијата, па нема ни сега, вели Стевановиќ.

Додава дека станува збор за вирус кој е лесно пренослив, но дека не предизвикува тешка клиничка слика. Ризик да се развие потешка клиничка слика постои кај пациентите со тешки хронични болести.

-Од клиничките искуства во светот, засега не се остава впечаток дека предизвикува потешка клиничка слика или различни симптоми од досегашните. Ризикот за потешка клиничка слика сѐ уште го има приматот кај пациенти со тешки хронични болести, како и кај повозрасните лица. Секако, постои можност за копликација, посебно поради сезоната на грип, каде може да има и повеќе вирусни инфекции одеднаш, а во деференцијали дијагностички сѐ потешко се разликуваат, нагласува Стевановиќ.

Институтот за јавно здравје во неделата соопшти дека во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија, кој, како што вели Стевановиќ во изјава за МИА, не патувал надвор од државата и нема тешка клиничка слика. Третиран е амбулантски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...