Приведени пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал

Дваесет и петгодишен велешанец преку „Инстаграм“ запознал четиринаесетгодишно девојче, кое под закани и уцени, го принудувал да оди во станови што биле изнајмувани на повеќе локации во Велес, на средби со други машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци и во таква состојба вршеле полови дејствија врз девојчето иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.



По спроведена истрага за случајот приведени се пет лица и против нив е поднесена кривична пријава за „трговија со дете“. За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години.

Приведените се на возраст од 25 до 32 години. Четворица од нив се од Велес, а еден од Тетово.

– Имено, С.Д. (25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д. С. (32) од Тетово, Д. Н. (25), Т. И. (22) и К. Т. (24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал, се наведува во соопштението од МВР.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава во текот на вчерашниот ден донел Наредба за спроведување на истражна постапка против овие лица. Врз основа на прибраните докази постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г од Кривичниот законик.

– Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите осомничени и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите, се вели во соопштението, присуствувале осомничени и други НН машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, на предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка со решение определи мерката притвор за четворица осомничени и мерка куќен притвор за еден од осомничените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Што е разлика меѓу падобран и кондом?
- Па, ако падобран се дупне, еден живот помалку. Ако кондом се дупне, еден живот повеќе.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1570.- Папата Пие Петти иако од црквата ја...
1707.- Роден е италијанскиот писател Карло...
1723.- Умре англискиот архитект Кристофер Рен,...
1778.- Роден е аргентинскиот генерал и...