Дваесет и четири припадници на Армијата, меѓу кои и две лица водачи на службени кучиња со кучиња, 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила се испраќат за помош во Турција по силниот земјотрес што вчера ја погоди земјата.

Од Дирекцијата за заштита и спасување се испраќаат 40 лица - припадници на републичките сили за заштита и спасување, со комплетна специјализирана опрема и материјално - технички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.
Министерството за финансии е задолжено до Владата да достави одлука за одобрување средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, во износ од 6 милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес.
Задолженија има и до други институции меѓу кои и до Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови.
-Сочувствуваме со нашите пријатели за ужасните последици од земјотресот и ќе преземеме сѐ што е можно во напорите за спасување животи од урнатините и поддршка на настраданото население, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук-профил.
Владата вчера на вонредна седница донесе одлуката за испраќање итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес во којшто има голема загуба човечки животи, повредени и голема материјална штета. Според последните информации, во земјотресто животот го загубиле најмалку 4.800 лица.
Манчестер јунајтед подготвува рекордна понуда до Наполи за Осимен
Манчестер јунајтед планира трансфер во летниот преоден род за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен .
Како што објави „Газета дело спорт“ управата на премиерлигашот планира да понуди 110 милиони евра за Нигериецот. Доколку зделката се оствари, Осимен ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Манчестер јунајтед.
Во моментов најскапо купување на „црвените ѓаволи“ е Пол Погба за кого беа дадени 105 милиони евра.
Нигерискиот напаѓач игра за наполитанците од септември 2020 година. Неговиот актуелен договор со италијанскиот тим е до летото 2025 година.
Дваесет и четиригодишниот фудбалер оваа сезона забележа 20 настапи за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 гола и четири асистенции.
Вредноста на играчот според порталот Трансфермаркт се проценува на 70 милиони евра.