Бојан Јовановски хоспитализиран во болница

Бојан Јовановски со прекар Боки 13 денеска е хоспитализиран во Универзитетската клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски Скопје, заради извршување на хируршка интервенција, тотална гастректомија, односно целосно отстранување на витален орган - желудник, информираат од неговиот правен тим.

Согласно специјалистичкиот извештај, во соопштението се наведеува, дека за извршувањето на операцијата е формиран тим на повеќе хирурзи - специјалисти од областа кои, во наредните денови ќе му бидат извршени сите потребни испитувања и подготовки за операцијата, по што ќе пристапат кон извршување на операцијата.

- Истовремено напоменуваме дека хирурзите - специјалисти се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат, од причини што самата хируршка интервенција е високо ризична и сложена, придружувана со можни компликации кои можат да бидат кобни за пациентот, се вели во соопштенито од правниот тим на Јовановски.

Бојан Јовановски-Боки 13 издржува казна затвор од девет години за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари во случајот „Рекет“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...