Бесими - Руе: Капиталните инвестиции главен приоритет на Владата

Владата е силно посветена на унапредување на условите за живот на граѓаните и бизнис опкружувањето, а капиталните инвестиции се еден од клучните приоритети во владината програма, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со директорката на Европската банка за обнова и развој - ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Шарлот Руе и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Анди Аранитаси.

На денешната средба, информираат од Министерството за финансии, тема на разговор беа активностите кои се преземаат за реализација на проектите што се финансиски поддржани од Европската банка за обнова и развој во делот на модернизација на патната инфраструктура, железничко поврзување со Бугарија и Албанија, изградба на комунална инфраструктура, заштита на животна средина, како и енергетиката.

-Се менува структурата на расходи во Буџетот со акцент на капиталните инвестиции. Во последните две години буџетот е согласно златното правило, односно капиталните инвестиции се на повисоко ниво од буџетскиот дефицит. Годинава се планирани 800 милиони евра за капитални инвестиции. Средствата ќе бидат наменети за интензивирање на реализација на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и во железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството, рече министерот Бесими.

Тој посочи на мерките што се преземаат за поефикасна и поефективна реализација на капиталните расходи, меѓу кои воспоставениот механизам КАПЕФ, воведувањето нова организациска единица за оценка на инвестициите во рамки на Министерството за финансии – ПИМА, потоа нов Управен комитет на ниво на Влада којшто ќе го утврдува приоритетот на проектите за финансирање и слично.

На средбата Бесими потенцира дека е клучна и значајна поддршката што Владата ја добива во реализација на овие проекти од меѓународните финансиски институции. При тоа напомена дека ЕБОР е финансиска институција со портфолио од околу 900 милиони евра во тековни проекти во јавниот сектор, а досега има одобрено 171 проект во вкупна вредност од 1,5 милијарди евра од кои 86 отсто се во јавниот сектор.

Меѓу приоритетните проекти, зад чија реализација стои ЕБОР се железничкиот дел од Коридорот 8 кон Бугарија, патниот правец Крива Паланка - бугарска граница, патниот правец Кичево - Букојчани, автопатската делница Скопје - Блаце, граница со Косово, а Банката има изразено интерес и за вклучување во финансирањето на проектот за изградба на западниот дел од железничкиот Коридор 8, делницата Кичево - Струга. Значителна поддршка има и во реализацијата на проектот за изградба на Интерконекторот со Грција, изградбата на гасоводните делници Свети Николе - Велес и Гостивар - Кичево, проектот за управување со цврст отпад, како и учество во проектот за Пречистителна станица во Скопје, за што денеска се потпишува Договор од 70 милиони евра за ВБИФ грант од ЕУ, а учеството на ЕБОР во реализацијата на овој проект е во износ од 58 милиони евра.

На средбата беше истакнато дека воспоставената успешна соработка ќе продолжи и во иднина на проекти кои ќе имаат придонес во развојот на земјата и подобрување на условите за живот на граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...