Ковачевски очекува поддршка во Собранието за законите за коридорите 8 и 10д

Премиерот Димитар Ковачевски очекува поддршка во Собранието за усвојување на измените на пакетот закони за доизградба на коридорите 8 и 10д, бидејќи, како што изјави денеска, се работи за важно усогласување на нашата регулатива со цел нивно побрзо, поевтино и поефикасно градење.

- Нашите граѓани заслужуваат патишта по кои ќе возат брзо, сигурно и кои ќе овозможат регионален развој на сите градови на потегот на Коридорот 8 и Коридорот 10д. Коридорот 8 го поврзува Тетово со албанската граница, а Коридорот 10д - Прилеп и Битола, каде на граѓаните им беше ветуван автопат што не беше направен никогаш. Сега во наредните пет години ќе биде изграден, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на пуштањето на обновениот магистрален пат Куманово-Страцин.

Тој повтори дека Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ е доставен до Јавното обвинителство и до Државната комисија за спречување на корупцијата, како и до вработените во Јавното претпријатие за државни патишта, кои се вклучени во овој проект. Испратено е и писмо до Собранието за презентација на Договорот на соодветна Комисија на барање на пратениците од опозицијата со безбедносен сертификат.

- Собранието тоа се уште го нема побарано, а во моментот кога ќе го побараат, тогаш тоа ќе биде направено, рече Ковачевски.

За четири од петте закони што се менуваат за проектот со којшто ќе се градат четири автопатски делници на пленарна седница е завршена расправата и треба само да се гласа по нив, а денеска се очекува да започне дебата и за измените и дополнувањата на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола), по скратена постапка.

Завршена е расправата за измените и дополнувањата на Законот за работни односи, на Законот за експропријација, на Законот за градење и на Законот за урбанистичко планирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...