Детектор: Се зголемува бројот на граѓаните кои се против влез во ЕУ

Според последното истражување на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје 55,8 отсто од граѓаните би гласале позитивно доколку утре се одржи референдум за влез на Северна Македонија во Европската Унија, додека една четвртина од анкетираните или 24,8 отсто би биле против.

Како што објавува Детектор, според оваа анкета 93,5 отсто од етничките Албанци би гласале за влез на Северна Македонија во Европската Унија, а само 4,6 отсто против. Кај Македонците, 43,5 отсто од анкетираните се за влез на Северна Македонија во ЕУ, а дури 31,5 отсто од анкетираните се против.

Анализата на последните три анкети кои емисијата Детектор на ТВ Сител ги спроведе во последните четири години покажува дека од 2019 година до денеска, поддршката значително опаднала. Ако во 2019, 67,4 отсто од анкетираните давале поддршка за членство во ЕУ, бројката во 2020 година паднала на 65,5 отсто за денеска да се спушти на 55,8 отсто.

Од 17,3 отсто колку што се противеле на членството во ЕУ во 2019 година, бројката скокнала на 24,8 отсто денеска што, како што посочуваат во Детектор, значи дека секој четврти граѓанин е против членство во Европската Унија.

Најголеми поддржувачи на зачленувањето во ЕУ се младите, а најголеми противници граѓаните меѓу 30 и 40 години.

Дури 42,1 отсто од анкетираните се на ставот дека земјава никогаш нема да стане дел од ЕУ, 16,1 отсто очекуваат членство во наредните 10 години, 14,3 отсто во наредните 15, а 8,7 отсто очекуваат да се зачлениме во наредните пет години. Само 1,7 отсто од анкетираните се оптимисти дека во ЕУ ќе се зачлениме идната година.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1.112 испитаници. ев/вј/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...