Северна Македонија да вложи во создавање пристојни работни места

Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) објави глобално истражување, што детектира дека добросостојбата на луѓето и на планетата, премногу често зависи од рамнотежата на фискалните и финансиските ограничувања.

Станува збор за анализата на целите за одржлив развој, реализирана во соработка со 95 земји во развој, вклучително и Северна Македонија, која содржи посебни извештаи за секоја од овие држави. Во неа се потенцира дека стандардните практики за развој на овие држави, заради комплексните фискални и финансиски ограничувања, резултираат со јаглерод интензивни и неинклузивни исходи, соопшти УНДП.

Во делот за Северна Македонија се посочува дека сите чинители треба да посветат поголемо внимание и да вложат повеќе ресурси во човечкиот капитал, создавањето пристојни работни места, поттикнување на научните истражувања, како и да се работи на одговорно ползување на природните ресурси и поттикнување одржлива економија.

- На самитот на ОН за одржлив развој, УНДП повикува на меѓународна акција за остварување еколошки одржлив и инклузивен економски раст. Неопходно е преуредување на меѓународната финансиска архитектура и на домашните политики, кои ќе им овозможат на земјите подобро да ги усогласат своите фискални и финансиски ресурси кон целите на одржлив развој, се наведува во пишаната изјава на Ахим Штајнер, администратор на Програмата за развој на Обединетите Нации.

Новите проекции покажале дека во последните три години, 72 од 95 држави ги зголемиле јаглеродните емисии, а кај 38 од нив, тоа зголемување е дури за 10 проценти. Истовремено, само една од пет земји, го намалила нивото на сиромаштија од 2019 година, додека таа останала на исто ниво или се зголемила во 72 од 95 земји.

Според директорката за интеграција на целите за одржливиот развој во УНДП, Лорел Патерсон, „анализата открива дека националните приоритети на владите како работните места, инфраструкурата, градовите и институциите може да доведат до поширока усогласеност на социјалниот, еколошкиот и економскиот напредок. Но, за да го направат тоа, овие приоритети мора да бидат поврзани со комбинирање на целите за одржлив развој.“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој селанец сакал да ја помине реката со трактор, ама не знаел колку е длабока.
Здогледал некоја русокоса покрај патот.
- Невесто, рекава длабока е?
- Не!
Тргнал овој низ...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и...
1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата...
1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн...
1933.- Во Париз почна Светскиот младински...