Ковачевски: Безбедносна ситуација во државата е стабилна

Премиерот Димитар денеска потенцираше дека безбедносната ситуација во нашата држава е стабилна и не постојат никакви индиции за какво било нарушување на истата.



-Ние сме три години земја членка на НАТО, од кои што јас речиси две години сум претседател на Владата. Нивото на информации кое што безбедносните служби на нашата држава ги имаат, а истите се дел од безбедносните служби на НАТО и информациите ги споделуваат со партнерските безбедносни служби од земјите членки на НАТО - тука спаѓаат најразвиените држави во светот со најразвиени безбедносни механизми, во однос на поединци, групи и организации кои сакаат да го нарушат нивото на безбедноста во која било земја членка на НАТО од регинот, вклучително и нашата, е на ниво кое што е незамисливо за оние кои не се во детали вклучени во вакви прашања, рече Ковачевски на прес-конференција по неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регинот, во одговор на новинарско прашање.

Како што потенцираше, се работи за информации кои што се исклучително детални, навремени и систематични. Според премиерот, системот на превенција, системот на заедничко работење со централата на НАТО во Брисел преку нашата претставничка мисија функционира на беспрекорно ниво.

-Системот на превенција, системот на заедничко работење со централата на НАТО во Брисел преку нашата претставничка мисија, но и директната соработка со земјите членки на НАТО функционира на беспрекорно ниво и затоа нашите граѓани треба да бидат среќни и горди дека живеат во земја членка на НАТО која што има исклучително ниво на безбедност, споредено со која било друга земја која не е членка на најголемиот воено и безбедносен сојуз во светот, рече Ковачевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...