Одреден притвор за тројца осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, потврдија од судот за МИА.



Притворот им е определeн поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело. Тројцата ноќеска се спроведени во Истражниот затвор во Шутка.

Еден од осомничените кој ноќеска беше спроведен во суд е е велешанецот Велибор Манев. Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно. Според МВР, од реализираните оперативни мерки утврдено е дека Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот, утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на 74-годишниот П.Ж. кој бил пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двата случаи, како што информираа вечерва од МВР, осомничени се пет лица, сите од македонска етничка припадност. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека мотив за убиствата е „користољубие“.

Обвинителството потврди дека на распит бил и таткото на девојчето. Дел од медиумите, повикувајќи се на извори од истрагата, излегоа со информација дека се трага по лицето Љ.П. од Скопје, кој се смета за главен организатор и осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска. Тој избегал од државата и во моментов се трага по него.

Повеќе информации се очекува да бидат објавени денеска на прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и главниот јавен обвинител Габрил Бубевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...