Џафери: Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател

Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети нема да прифати кандидатура за претседател на државата.



-Господинот Ахмети има мисија, а не е претендент за функција колку што знам. И мислам дека нема да прифати да биде кандидат. Нема потреба тој да покажува кој е и колку е после 50 години свој придонес во нештата во оваа држава, и за оваа држава и за граѓаните во оваа држава. Така што, негова мисија е Европа, Европска унија и си работи на таа мисија, рече Џафери при денешната посета на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза" во Скопје.

Џафери смета дека не е приоритет на Ахмети натпреварот по однос на носењето на функција.

-Не мислам дека му е приоритет натпреварот по однос на носењето на функција. Да сакал функција, можел да ја има која било функција во овие 23 години, рече Џафери. Министерот за политички систем и член на ДУИ, Артан Груби вчера во телевизиско гостување истакна дека нивната партија неделава ќе го објави претседателскиот кандидат. Потенцира дека се споменуваат повеќе имиња како можни кандидати, но, како што рече, се уште немаат донесено одлука. Ахмети, посочи тој, колку што го знам ќе остане на својата определба за мисија, а не за функција.

-Убедувањето на Ахмети оди тешко. Го знаете неговиот став: Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум во политичка партија, ниту во политиката за да добијам функција, туку за мисијата да ми биде успешна. И пред тој аргумент мора сите да се повлечеме. Но, ако прашате кој било член на ДУИ, кој било гласач на ДУИ, секако дека ќе се определи за Али Ахмети, рече Груби во емисијата „360 степени“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Отишол Мујо на плажа, на Копакабана. Таму полно згодни женски, ама ни една не сака ни да го погледне. Му се пожалил иа еден од капачите, а овој го подучил:
"Земи една краставица...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...