ЈО ќе проверува поврзаност на убиството во Блаце и пожарот во Чаир

Од јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопштуваат дека се постапува за откривање на сторителите за убиството во близина на Блаце и за пожарот во угостителски објект во Чаир и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани.



- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани. При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази, стои во соопштението.

Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, од ЈО велат дека увид извршила увидна екипа на Министерството за внатрешни работи.

- Подигнати се траги од лице место, обезбедени се снимки од видео надзор. Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани, дополнуваат оттаму.

Од МВР вчера соопштија дека едно лице е убиено со огнено оружје крај локалниот пат од Долно кон Горно Блаце во близина на Скопје.

- Во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи и нагласуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно, МВР информираше дека на 25 февруари во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во дуќан на улица „Цветан Димов“, сопственост на А.Р.(32), кој се проширил и на соседните локали, сопственост на А.Р.(33), А.Р.(47), во угостителски објект сопственост на Х.А.(47) и куќа сопственост на А.Ч.(56).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Колегите го прашуваат Трпе што и земал на девојката за роденден.
- А бе имаше само 500 денари во новчаникот, да имаше повеќе и тие ќе и ги земев.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на дијабетесот
565.- Умре византискиот цар Јустинијан I ...
1263.- Умре Александар Невски, новгородски кнез,...
1533.- Шпанските освојувачи под командата на...