Битиќи: Со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

„Добросостојбата на граѓаните е императив и тоа сме го докажале тоа, се во нашата програма е околу подобрување на квалитетот на животот на сите граѓаните. Но, одиме и еден чекор понатаму, што ќе се случи една година по нашиот влез во Европската унија“, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за „Слободен печат“.

Зборувајќи за изборната програма на СДСМ, потпретседателот Битиќи посочи дека во програмата е предвидено во 2028 година просечната плата да изнесува 1.100 евра, но која ќе се зголеми за дополнителни 200 евра во првата година од влезот на државата во ЕУ, односно таа ќе изнесува 1.300 евра.

„Тоа се истите анализи со кои во 2020 предвидовме дека просечната плата во 2024 ќе биде 34.000 денари. Таа денес е 40.000 денари, иако годината не е сè уште завршена. Затоа велиме дека при самиот влез во ЕУ просечната плата ќе достигне 1.300 евра. Тоа е нешто што секој граѓанин го заслужува да го добие. Разликата меѓу нас и ВМРО ДПМНЕ е што ние ветувањата ги испорачуваме во пракса“, рече потпретседателот потпретсетаделот на партијата, Битиќи.“

Тој се осврна и на предизборното ветување на СДСМ за тоа што ќе се случува со минималната плата до 2028 година и по влезот на државата во ЕУ.

„Кога зборуваме за платите велиме дека минималната плата во државата веќе во 2028 година ќе биде на ниво од 600 евра, и тоа е нешто кое сметаме дека е квантен скок, кој што ќе донесе навистина праведен и правичен и солидарен начин, на вреднување на трудот во државата. Но, притоа одиме уште еден чекор понатаму и велиме, со влезот во Европската унија, минимална плата ќе биде 800 евра“, рече во интервјуто потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.







Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...