Пресудата за грабнувањето на Самоил Костадиновски закажана за 4 април

Пресудата за грабнувањето на Самоил Костадиновски ќе биде објавена на 4 април откако денеска во Основниот кривичен суд Скопје се одржаа завршни зборови.



Обвинителот Дарко Петревски, на денешните завршни зборови посочи дека мноштвото изведени материјални и вербални докази ја зацврстиле теоријата на случај на обвинителството.

- Обвинителството надвор од секое разумно сомневање докажа дека обвинетите го сториле кривичното дело така како што е опишано во диспозитивот на обвинителниот акт, рече обвинителот.

Тој побара обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ Судот да ги огласи за виновни.

Според адвокатот на првообвинетиот Виктор Милановски, адвокат Ѕвонко Давидовиќ, доказите не соодветствуваат и не го докажуваат обвинението и како што рече, „во еден дел немаат ниту логика“. Тој побара судот да донесе одлука според изведените докази, која, според него, може да биде само ослободителна.

Според адвокатот Драган Пешевски, бранител на второобвинетиот Челичиќ, обвинителството не докажало ништо против второобвинетиот и тој побара ослободителна пресуда.

- Сѐ она што се претпоставки и индиции да ги остави надвор од оваа судница, да суди според факти и докази, рече адвокатот.

Обвинетиот Виктор Милановски во завршен збор истакна дека од почетокот на постапката, до крајот, како што рече, е направена голема неправда од страна на јавниот обвинител.

- Самоил беше мој другар и пријател, се дружевме, бев кај него дома, никогаш не би помислил да направам нешто такво, а камо ли на некој што ми бил другар, пријател, како брат, рече тој.

Обвинетиот Саша Челичиќ посочи дека обвинението дека умислено помогнал за киднапирање, како што рече, е нездраворсзумски.

- Нема да дозволам некој да ме обвинува мене за туѓите зделки. Јас имам 31 година и се стремам да создадам семејство, рече тој.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.

Како што соопшти Јавното обвинителство на РСМ, на 3 март, на улицата „Христо Татарчев“, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – роба во количина од 4 килограми.

Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки.

Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја. Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога.

Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор.

Процесот го води судијката Славица Наумова Јосифовска, пресудата е закажана на 4 април во 12 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Црногорецот му раскажува на внукот како на времето храбро се бореле со Турците.
- "Ми ка соколови низ Цетиње, а Турци ка пизде за нама"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Царинската служба на Република...
1629.- Роден е холандскиот астроном, математичар...
1685.- Умре англискиот писател Томас Отвеј, чии...
1759.- Умре германскиот композитор Георг Фридрих...