Дванаесет години од петкратното убиство кај Смилковско езеро

На денешен ден пред 12 години кај Смилковското езеро беа убиени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски.

Во судскиот процес за случајот познат како „Монструм“, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Фејзи Азири доби 15 години затвор, а Хаки Азири 9 години. Ослободителна пресуда поради недостиг на докази доби единствено обвинетиот Сами Љута. Судењето за „Монструм” почна на 20 декември 2012 година. Во јуни 2014 година, шест обвинети лица беа осудени на доживотна казна затвор. На 24 ноември 2017 година, Врховниот суд ја укина пресудата и процесот го врати на повторно судење, а осудените беа ослободени од притвор.

Повторното отворање на случајот уследи по објавувањето на преслушуваните материјали, т.н. бомби од страна на опозицијата во 2015 година. Случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и судењето почна од почеток во мај 2018 година. Во меѓувреме СЈО беше укинато, но истите обвинители продолжија да го водат случајот.

По изречените казни, петмината осудени во случајот „Монструм“ поднесоа жалби, но Апалацискиот суд во септември 2022 ги одби како неосновани и ги потврди првостепените пресуди.

Беа организирани протести на роднини на осудените, а политичари и политички субјекти најавија и меѓународна истрага за случајот.

Осудените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се во бегство во Косово, по нив беа распишани потерници, но и покрај ветувањата од Приштина тие досега не се екстрадирани во Северна Македонија.

Петкратното убиство кај Смилковското езеро се случи на Велики четврток пред Велигден на 12 април 2012 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...