Ахмети до Мицкоски: Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе

Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети откако денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите коментирајќи го барањето на ДУИ за ветинг на сите функционери рече дека очекувал ваквиот тип на хумор и сатира да завршат со заминувањето на ДУИ во опозиција.
Ахмети рече дека законот за ветинг е предложен пред четири години и повика ветингот да се случи со учество на претставници од Брисел и Вашингтон.

- Да видиме како ќе пројде хуморот. Јас не правам холивудски филмови и не сум холивудски сценарист. Нека повели, сите ќе ги правиме, изјави Ахмети при посетата на Државниот универзитет во Тетово. Освен ветинг, Ахмети бара да се истражува и приватизацијата во 90-те години.

Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката „Идадија“ рече дека сметал оти со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор завршил.

- Во ред е, ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира, па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија, рече Мицкоски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца ненормални играат фудбал. После некое време едниот извикува:
- ПОЛУВРЕМЕ!!! Сега ти си топката.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1545.- Бродот „Мери Роус“, гордост на воената...
1814.- Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел...
1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски...
1866.- Умре германскиот математичар Георг...