Сиљановска Давкова: Kрајно време e да почнеме преговори низ призма на Копенхагенските критериуми

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова очекува 17-иот по ред Извештај на ЕК за земјата да биде позитивен, ќе бидат нотирани промени, но дека нема да биде многу поинаков од минатогодишниот. Спорeд неа, крајно време е земјата да почне преговори, низ призма на Копенхагенските критериуми.



-Јас не мислам дека ќе добиеме многу поинаков извештај од минатогодишниот. Не. Мислам дека работите не се смениле преку ноќ. И јас затоа дури и кога се работи за малцинските права секогаш сум укажувала ајде да ги прочитаме 15-от, 16-от, сега 17-от ќе биде се надевам позитивен извештај, се разбира дека ќе бидат воочени промени. Впрочем, не случајно дојде до промена на власта, меѓутоа дека нешто не знам, чудно, ќе се појави не верувам, оцени претседателката Сиљановска Давкова на новинарско прашање што очекува од новиот Извештај на ЕК за напредокот на земјата, кој што денеска се очекува да биде објавен.

Според неа, во сме имале 16 позитивни извештаи, а не сме почнале пристапни преговори, тогаш во прашање се доведува и кредибилитетот на пишувачот на извештаите и оти тоа е нешто за што Советот на ЕУ треба да размисли. -Но, напоменувам ако сте имале 16 позитивни извештаи, тогаш во прашање исто така е и кредибилитетот на пишувачот на извештаите. Ако имате 16 „да“ од Парламентот и ако имате 16 „да“ од Комисијата и 16 „не“ од Советот, а сте имале ситуации на членки кога имало „не“ од Парламентот и од Комисијата и „да“ од Советот, тогаш мислам дека и Советот треба да размисли. Крајно време е ние да почнеме преговори, низ призма на Копенхагенските критериуми, вели Сиљановска Давкова која денеска се обрати на настанот во пресрет на 29-тата Конференција за климатски промени (COP29), која ќе се одржи од 11-ти до 22-ри ноември 2024-та година, во Баку, Република Азербејџан.

„Пакетот за проширување“ денеска беше усвоен од страна на Колеџот на комесари, по што се очекува попладнево официјално да биде презентиран на прес-конференција во Брисел од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Северна Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Колегите го прашуваат Трпе што и земал на девојката за роденден.
- А бе имаше само 500 денари во новчаникот, да имаше повеќе и тие ќе и ги земев.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на дијабетесот
565.- Умре византискиот цар Јустинијан I ...
1263.- Умре Александар Невски, новгородски кнез,...
1533.- Шпанските освојувачи под командата на...