Тошковски: Миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор

Министерот за внатрешни работи, Тошковски, денеска учествува на 7-та Министерска конференција во Будимпешта, каде што беше усвоен Планот за акција на Будимпештанскиот процес 2025-2030. Планот вклучува шест приоритетни цели, меѓу кои спречување на нерегуларна миграција и борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе.

Како што соопштуваат од МВР, во своето обраќање, министерот Тошковски истакнал дека земјите треба да бидат јасни во својата миграциска политика и дека миграцијата е европски предизвик кој бара европски одговор.

- Пактот за азил и миграција е патот напред и за земјите членки на Унијата, но и за нас, аспирантите кои – кога тогаш – ќе мораме да го спроведуваме или да го осигуриме неговото спроведување, потенцирал министерот Тошковски.

Тошковски изразил надеж дека Будимпештанскиот процес ќе продолжи да расте со почитување на човековите права и заштита на ранливите лица.

Тој остварил билатерални средби со државниот секретар на Швајцарија, Кристин Шранер Бургенер, и министерот за внатрешни работи на Пакистан, Сајед Мохсин Раза Накви, каде што биле разгледани идните чекори за соработка во борбата против нелегалната миграција.

На маргините на конференцијата, министерот имал разговор и со турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, за зајакнување на соработката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
И предлага мажот на жената да се
избричи доле,а таа прашува:
-А зошто?
-Па така,малце промена,за еротика
знаеш.
-Ти не си нормален,па да ми се смее
цело село.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија,...
480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот...
1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан...
1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист...